Како дел од префинетиот „Sofitel“ ланец на луксузни хотели „Sofitel Kairo El Gezirah“ е еден од најпрестижните египетски хотели…
Сместен на островот на реката Нил, во близина на областа Замалек и ви нуди пристап до сите важни атракции на овој град.
Хотелот со пет ѕвезди кој има поглед на моќната река Нил, претставува фасцинантна мешавина на антички египетски и арапски влијанија, во комбинација со елегантниот француски Арт деко дизајн.
На гостите на располагање им се 433 луксузни соби, и 50 префинети апартмани со услуга од батлер.
Што се однесува до услугата за јадење, таа е разновидна, од „Kebabgy“ традиционалниот ресторан кој служи извонредно печено месо, до мароканскиот ресторан „La Palmeraie“ кој нуди префинет избор од интернационалната кујна.
Постојат и неколку барови, кои се совшени за вечерни излегувања. Еден од нив е „Window on the Nile“ кој е идеално место за одмор со поглед кон реката.
„Sofitel Kairo El Gezirah“ хотелот е идеално луксузно место за одмор доколку сакате да го искусите Египет на вистинскиот начин.