13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Monte dei Paschi di Siena“ доби зелено светло и од ЕК

„Monte dei Paschi di Siena“ доби зелено светло и од ЕК

Европската комисија го одобри планот на Италија за вбризгување на 5,4 милијарди евра во проблематичната банка „Monte dei Paschi di Siena“.

Комисијата денес соопшти дека ја одобрила инекцијата капитал откако акционерите и доверителите обезбедија 4,3 милијарди евра, како што се бара според правилата на ЕУ, кои имаат за цел за даночните обврзници да се минимизираат трошоците за помош, пренесе АП.

„Monte dei Paschi di Siena“, основана во 1472 година, е најстарата банка на светот која и понатаму рбаоти.

Потешкотиите на „Monte dei Paschi di Siena“ се дел од широкиот проблем на италијанскиот банкарски сектор кој е оптоварен со ненаплатливи кредити во вредност од 360 милијарди евра.

Таа банка, сепак, е посебно ранлива и ја зазема најлошата позиција после минатогодишниот стрес тест на банките во ЕУ.

Дополнителниот капитал кој денес го одобри Европската комисија, треба да и овозможи на банката заштита во случај на влошување на економските прилики.

Според палнот за реструктуирање, „Monte dei Paschi di Siena“ треба да отпише повеќе од 26 милијарди ненаплатливи кредити од својот биланс.

Потпретседателот на Европската комисија Валдис Домборовски изјави дека инекцијата на капитал „треба да обезбеди финансиска стабилност во Европа и да го ограничи товарот на даночните обврзници“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП