20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКошаркарките во група со Хрватска, Италија и Шведска

Кошаркарките во група со Хрватска, Италија и Шведска

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија, која ќе настапи во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2019 година, во вторникот ги дозна имињата на противничките преку кои ќе се обиде да се пласира на континенталниот шампионат, кој ќе се одржи во Летонија и Србија.

Избраничките на селекторот Марјан Лазовски ќе се натпреваруваат во Групата Х заедно со селекциите на Италија, Шведска и на Хрватска.

Инаку, на денешната ждрепка партиципираа 32 репрезентации, од кои пласман на Европското првенство ќе изборат 14 селекции, на кои ќе им се придружат организаторите Летонија и Србија, кои ќе учествуваат на квалификациите за континенталното првенство.

Квалификацискиот циклус ќе почне во ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП