24 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузен одмор во Saint Andrews Gramado (фото)

Луксузен одмор во Saint Andrews Gramado (фото)

Прекрасните бразилски пејсажи кријат многу повеќе од дивиот свет и разните видови на билки…

Овде можете да го пронајдете и „Saint Andrews Gramado“, совршеното одморалиште. Во превод од португалски, терминот „gramado“ значи ладовина каде патниците одмораат при својата авантура. Гостите овде можат да уживаат во некои од најубавите погледи на Квиломбо долината, совршената услуга и гостопримливоста на стариот свет.

Ова одморалиште нуди 11 различни сместувачки единици, а секоја од нив добила имe според скапоцен камен, кој дава индивидуален декор кој се наоѓа во собата. Иако ова ќе ви звучи чудно, на децата овде пристапот не им е дозволен. Децата можат да го нарушат мирот и тишината кои овде се нудат, а главно тоа е причината поради која туристите доаѓаат овде.

Досадувањето овде е невозможно. Гостите во ова одморалиште имаат на располагање да возат велосипед, да посетат семинари за вино, часови за готвење или да уживаат во локалните голф терени.

Овде постои вински подрум кој нуди дегустација на своите колекционерски изданија, а хотелскиот ресторан служи интернационална кујна, која ќе ви биде навистина уникатно искуство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП