10 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПрефинето место за одмор - Tivoli Ecoresort Praia do Forte (фото)

Префинето место за одмор – Tivoli Ecoresort Praia do Forte (фото)

Северно од прекрасниот брзилски град Салвадор ќе наидете на Tivoli Ecoresort Praia do Forte – волшебно место за одмор кој никој нема да сака да го напушти…

Ова шармантно одморалиште се наоѓа во близина на океанот, опкружено со природа, а своите гости ги повикува да се опуштат и уживаат во секоја секунда од ова мирно искуство. Еко-туризмот станува популарен ширум светот, па затоа ве советуваме да го искусите.

Ecoresort Praia do Forte е освежувачко и прекрасно место, што значи дека во целост се вклопува со своето природно опкружување.

Бразил е земја со неверојатен биодиверзитет кој треба да го посетите и искусите. Ова одморалиште негува силна почит кон својата чувствителна природна околина, додека неговата едноставна архитектура само го разубавува она што можете да го видите тука.

Гостите тука ќе ја добијат најдобрата можна услуга, луксузно сместување и комфор, што само придонесува за привлечноста која на прв поглед е очигледна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП