19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузна куќичка за птици

Луксузна куќичка за птици

ku1

Шведскиот дизајнер за ентериер Клас Олсон им испорачува на купувачите единствен дом пополнет со теретана, базен, уредно искосена трева и мебел за во градина, но оваа луксузна резиденција всушност е куќичка за птици која ги поттикнува птиците да се враќаат во дворот на сопственикот.

ku2

Оваа модерна двоспратна куќа од соништата е дизајнирана од страна на експертот за уредување на градини во обид да се создаде што попријатен амбиент за птиците, а содржи отворена кујна со хранилица, дневна соба која излегува на уредно искосен тревник, градинарски мебел, базен  и лулашка.

ku3

Скалите кои водат до спалната соба на вториот кат оставаат одличен впечаток, а оваа куќичка за птици поседува дури и аларм кој ги предупредува птиците кога се движи некој предатор кон нив.

ku4

Купувачите можат да си порачаат и куќичка по сопствени замисли.

ku5

А, за да го поседувате ова луксузно дело, потребно ќе биде да одвоите 4,000 долари.

ku6

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП