23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПерез со 120 милиони тргнува по Нејмар

Перез со 120 милиони тргнува по Нејмар

Florentino-Perez-y-Neymar-Juni_54369306396_54115221154_600_396

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез прати во Бразил свои емисари за да го убедат бразилскиот суперстар Нејмар да премине во редовите на „карлевите“.

Како што пренесуваат шпанските медиуми Перез за таа операција одвоил дури 120 милиони евра.

Од тие 40 милиони ќе мораат да и ги платат на Барселона која во 2011-та година потпиша таен договор со Сантос за кој најверојатно како гаранција платила 10 милиони евра, но и дека ќе добијат оштета од 40 милиони евра доколку Нејмар премине во некој друг клуб. Шеесет милиони треба да добие Сантос, додека преостанатите 20 ќе одат во рацете на фудбалерот.

Година на претседателски избори во Реал.

Оваа година ќе се оддржат претседателски избори во тимот од Мадрид,  а Реал неуспеа да освои ниту еден од најважните трофеи. Неславно пропадна одбраната на титулата шпански првак, а исто така помина и трката за јубилејната десета титула во Лигата на шампионите. Кога пред три години се врати на чело на клубот, Перез им вети на навивачите дека до „decimа“ ќе дојдат во следните три години.

Мурињо не успеа во Реал.

Ветувањето неуспеа да го оствари иако потроши стотина милиони евра за доведување на гламурозни засилувања како што се Роналдо, Кака и Бензема, како и најекспонираниот тренер на денешницата Жозе Мурињо. Португалецот во три сезони освои само еден од најважните трофеи, тој во домашното првенство, па поради тоа неговата ера би можела да се нарече неуспешна.

На Перез сериозно му се „тресе столицата“ и поради тоа е приморан да стори нешто специјално за да добие нова доверба кај членовите на клубот кои имаат право да учествуваат во изборот на нов претседател на Реал.

Луис Фиго првата ѕвезда на Перез.

Се чини дека Перез одлучил повторно да се врати на стариот рецепт, а тоа е купување на најголемите светски ѕвезди и превземеање на играчи кои се на „метата“ на Барселона. Потсетуваме дека Перез до својот прв мандат на челото на Реал (2000) дојде по ветувањето дека од редовите на најголемиот конкурент Барса ќе ја донесе нивната најголема тогашна ѕвезда, Луси Фиго.

Перез ќе му дава на Нејмар повеќе од Роналдо, Фиго, Зидан и Кристијано.

Покрај астрономската плата која ќе премине 12 милиони евра годишно, Перез најверојатно на Нејмар ќе му понуди и 70 проценти за правата од продажбата на своето име и реквизити, а со тоа ќе ја прекрши досегашната пракса од поделбата на правата на 50-50, каков договор имаа некогашните најголеми ѕвезди Роналдо, Фиго, Зидан и денеска Кристијано Роналдо.

Нејмар во Сантос заработува 20 милиони евра.

Но, Барселона тие права на своите играчи им ги дава во стопроцентен износ, а Нејмар заработува околу 20 милиони годишно во Сантос на основа на истите. Некои се уверени дека тоа е само маневарски трик на Перез со кој би ја натерал Барселона да плати за Нејмар повеќе од што планирала, а планирале да одвојат вкупно околу 50 милиони евра.

Роналдо останува во Реал, доаѓа Нејмар?

Меѓутоа Перез не е познат како „блефер“. Неговите потези во минатото покажуваат дека кога и да посакал некој играч, тогаш го има и донесено, без разлика колку и да чини. Се поставува прашањето што ќе биде со Роналдо ако Нејмар дојде во Реал. Засега нема никакви знаци дека Реал има намера да го продаде Роналдо. Повеќе изгледа дека Перез има намера да ги спои Роналдо и Нејмар и со нив да ја нападне десетата титула во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП