КОМПАНИИ

Двојно помал регрес само за две години ќе добијат вработените во „Македонска пошта“

Вработените од АД „Македонска пошта“ денеска ќе добијат регрес за годишен одмор, но само за 2016 и 2017 година и тоа во износ од 6 илјади денари.

Ваквата одлука на раководството доаѓа согласно колективниот договор од 2016 година со кој регресот на вработените се намалува за 50 отсто, објави А1он.

Промената на колективниот договор е направена од страна на синдикатите на компанијата и менаџментот и нималку не им оди во прилог на вработените кои се разочарни од одлуката регресот за 2016 и 2017 година да им биде преполовен.