10 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузен апартман во Њујорк

Луксузен апартман во Њујорк

as1

Овој импресивен и луксузен апартман во Њујорк е со исклучително инспирирачки дизајн на кој се посветени 18 месеци работа. Целиот простор орбитира околу масивното скалиште изработено од леано железо и махагони, тоа ги поврзува двата ката.

Дневната соба е со двојна висина и го претставува јадрото на домот. Поставеноста на мебелот и бројот на единици за седење асоцира на богат социјален живот.

Во склоп на апартманот има и внатрешен двор поврзан со дневната соба кој е со богата вегетација. Бојата е суптилно внесена во ентериерот надополнувајќи го ѕидот од тула и дрвените греди.

Вториот кат е исто така импресивен. Масивните лизгачки врати го делат ходникот од спалните соби чии ѕидови се прекриени со сатенски панели и рачно извезена свила.

Уживајте во прекрасните фотографии…

as2

as3

as4

as5

as6

as7

as8

as9

as10

as11

as12

as13

as14

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП