28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНаправен e првиот телефон за деца

Направен e првиот телефон за деца

decatelefon

Компанијата „OwnFone“ го претстави мобилниот телефон кој е дизајниран за деца на возраст од четири до девет години.

Наречен е „1stFone“ и е претставен како „глупав телефон за паметни родители“ , кој е со големина на кредитна картичка и тежи околу 40 грама.

Тој може да прима и праќа повици, а дури нема ни екран, наместо тоа на него се сместени копчиња со имињата на 12 блиски пријатели и членови на семејството, што значи дека детето може да ги повика само тие 12 броеви, а само родителите можат да додадат или променат броеви во листата на контакти.

Производителот верува дека основната функционалност на „1stFone“ е да го намали ризикот од праќање на пораки на непознати личности или пронаоѓање на непримерна содржина на интернет.

Неодамна една студија кој беше спроведена на 7000 деца во Велика Британија покажа дека и десетгодишните деца праќаат експлицитни пораки и свои фотографии на другарите од одделението.

„ Во светот во кој доминираат паметните телефони родителите се соочуваат со проблеми кога треба да го одберат првиот телефон за своето дете. Сакавме да направиме забавен производ кој ќе им се допадне на децата, но над кој родителите ќе имаат потполна контрола“, вели основачот на „OwnFone“, Том Сандерленд.

Телефонот ќе чини 65 евра и ќе биде достапен само преку интернет страната на „OwnFone“. Компанијата наскоро планира да го претстави и „2ndFone“ евтини уред кој ќе биде идеален за патувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП