26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛаптоп од милион долари

Лаптоп од милион долари

lap1

„Luvaglio“, производителот на луксузни компјутери од Лондон, конечно го претстави својот екстравагантен лаптоп вреден милион долари…

lap2

„Luvaglio“, производителот на луксузни компјутери од Лондон, конечно за заинтересираните купувачи го претстави својот долго најавуван луксузен лаптоп вреден 1.000.000 долари. Комбинирајќи го комфорот и функционалноста, овој лаптоп ги задржа своите првични технички карактеристики во кои спаѓаат LED екранот со рефлективна површина од 17 инчи, 128 GB хард диск, вградениот „Bly-Ray“ читач, USB и MP3 плеер.

lap3

Сепак, техничките карактеристики не се тие кои овој лаптоп го прават посебен и скапоцен, туку можностите за персонализација.

lap4

Наместо вообичаена маска и боја, производителот на купувачите им нуди можност да одберат скапоцен камен со кој ќе го разубават својот уред, вклучувајќи и дијамант кој функционира како копче за движење и исклучување на компјутерот и како систем за идентификација на корисникот кој може да додаде и скапоцени метали и кожа по избор, а сето ова е вклучено во цената. Лаптопот, исто така, поседува и интегриран уред за чистење на екранот.

lap5

Нешто невообичаено како што е овој лаптоп вреден милион долари, украсен со скапоцени камења, сигурно ќе го привлече вниманието на сите љубители на луксузот…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП