23 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHuawei: Во план се нови истражувачки центри во Кина и САД

Huawei: Во план се нови истражувачки центри во Кина и САД

Според изворите од самата индустрија кои ги пренесува интернет страницата „DigiTimes“, кинеската компанија „Huawei“ во скора иднина планира во својата земја, но и САД, да отвори нови истражувачки центри.

Тоа е дел од планот на кинеската компанија за скоро службено влегување на брзорастечкиот пазар кој ја опфаќа виртуелната реалност, подобрување на реалноста и таканаречената Ј реалност (Mixed Reality или MR).

Исто така, компнијата планира да го интензивира своето присуство на пазарите со новата 5G мрежа чии тестирања започнуваат идната година, додека нејзината комерцијализација се очекува во текот на 2020 година.

Со отворањето на новите центри доаѓа и вработувањето на одреден број на експерти за 802.11ax Wi-Fi мрежи, 5G мрежи, cloud, IoT уреди, вештачка интелигенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП