2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКои видови на конзервирана риба се препорачливи за консумирање?

Кои видови на конзервирана риба се препорачливи за консумирање?

Сите знаеме дека рибата е одлична за здравјето бидејќи е богат извор на протеини и здрaви масти, но повеќето луѓе јадат риба ретко и во многу мали количини.

Во што е проблемот? Доколку при рака немате свежа риба, која секако се препорачува, тогаш одлучете се за конзервирана риба. Прилично е евтина, има природно низок процент на токсини и останати загадувачи, а и е одгледана на еколошки прифатлив начин“, советува Кеси Димик, нутриционист и инструктор за фитнес и здравје.

Ова е листата од неколку конзервирани риби и објаснување на кој начин тие придонесуваат за нашето здравје.

Инчуни

Овие рипчиња се навистина вкусни. Филетите во стаклени теглички или во конзерва се добар извор на омега 3 масни киселини, кои се одлични за здравјето. Содржат и нијацин, кој телото го користи за да ја претвори хрaната во енергија.

Конзервирано месо од рак

Конзервираното месо од рак е одличен извор на протеини кои се добри за мускулите, метаболизмот и имунолошкиот систем. Содржи и фосфор кој е значаен за градбата на коските. Само 85 грама од ова месо задоволува 1/4 од дневните потреби за споменатите елементи.

Лосос

Конзервираниот лосос е богат со големо количество на омега 3 масни киселини EPA и DHA. Овие масти го намалуваат ризикот за заболување од срцеви болести и ја зајакнуваат структурата на коските. Лососот е исто така одличен извор на протеини и витамин Д. Со розевиот и црвениот лосос нема да погрешите. Првиот е поевтин, но вториот содржи 65 проценти повеќе витамин Д и 35 проценти повеќе омега 3 масни киселини.

Сардини

Сардините содржат солидни количини омега 3 масни киселини, витамин Б12 и витамин Д, кои помагаат во спречување на дијабетес. Овие риби се сметаат за најдобар избор поради нивните нутритивни вредности и ниското ниво на токсини. Настојувајте да купувате конзервирана риба во маслиново масло или во сос од домати.

Туна

Ако не сте консумирале туна затоа што содржи жива, оваа риба можете слободно да ја вратите во вашето мени. Произведувачите сега конзервираат помали количини туна, што значи дека таа има помалку време да акумулира жива, а се повеќе се применува и еколошкиот начин на одгледување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП