28 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕСовремен дизајн на СПА центар

Современ дизајн на СПА центар

 

spa

“Hirsch Bedner Associates”, неодамна го заврши долгоочекуваниот дизајн за ESPA спа центарот, кој е лоциран во Istanbul Edition хотелот. Еве краток опис од проект дизајнерот.

Современиот дизајн на спа центарот, главно е инспириран од турската традиција, со дизајн елементи кои ги окарактеризираат обичаите на Амамите и атмосферските елементи на Истанбул. Елементите како на пример, исклесани бронзени подови, мермер во чоколадно кафена боја, мијалници излиени од бронза, кристални ѕидови и светлосини ефекти, на овој спа центар му даваат топол, богат и мистериозен амбиент.

Има само неколку рамни ѕидови и ходници во просторијата за гости, кои допринесуваат за настанување на мистеријата и дозволуваат на гостите да откриваат нови простории кои поминуваат низ нив. Кристалите се деликатно интегрирани во овој дизајн во неговата природна состојба. Неговите динамични краеви, кои светкаат на светло, ја зајакнуваат атмосферата додека го земаат здивот со одредено чуство на луксуз и елеганција. Играта со светлината е една од главните компоненти за инспирација на овој дизајн и извлечена е од динамичниот облик кој се наоѓа во традиционалните Амами.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП