21 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАSharp ќе прави екрани за iPhone 5S

Sharp ќе прави екрани за iPhone 5S

Sharp_HQ_0_0_468X10000

Според јапонските медиуми „Sharp“ во јуни оваа година во својата фабрика во Камајами ќе започне со масовно производство на LCD екрани за паметниот телефон на „Apple“ – „iPhone 5S“. Па така „Sharp“ ќе се приклучи на здружената група „Japan Display“ во која се и „LG Display“, „Sony“, „Hitachi“ и „Toshibа“, кои исто така веќе имаат добиено нарачки од „Apple“ и започнале со производство.

Оваа работа ќе биде од големо значење за главната фабрика на „Sharp“ во Камајами чие производство поради намалениот број на порачки падна за 40 проценти, па затоа „Apple“ би требало да ја врати фабриката на старите патеки на слава.

За жал не се познати информациите за какви дијагонали на екрани станува збор, па затоа можеме само да шпекулираме дали „iPhone 5S“ ќе биде со иста дијагонала и тип на LCD екран ист како кај „петката“ или поголем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП