28 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕИскусете го тропскиот хотел Fundu Lagoon (фото)

Искусете го тропскиот хотел Fundu Lagoon (фото)

„Fundu Lagoon“ е мал, но сепак луксузен бутик хотел, сместен во оддалечениот дел на Занзибар, на островот Пемба…

Ова идилично одморалиште е достапно само со возење на брод, а опкружено е со прекрасни плажи од едната и со бујна вегетација од другата страна. Сепак, нема да се почувствувате како на пуст остров, бидејќи персоналот на овој хотел секогаш ќе биде покрај вас, за да се погрижи за секоја ваша потреба. Што се однесува до сместувањето, пространите и дискретни соби со интересни покриви ќе направат веднаш да се почувствувате како дома.

Каде и да се наоѓате во овој хотел, ќе бидете блиску до плажите и чудата на Индискиот океан. Она што „Fundu Lagoon“ бутик хотелот го прави толку посебен е фактот дека во негова близина се сместени најдобрите места за нуркање во целиот свет. Овој резорт има сјајни услуги за сите активности на вода кои ќе ви бидат достапни. На копното имате сосема доволно занимации како: можност за посета на локалното село или истражување на прашумата, како и античкиот град на островот, Џамбангомеа.

Без оглед дали сакате да се опуштите и уживате во тропското рајско опкружување, или сакате да ги откриете чудата на океанот, „Fundu Lagoon“ бутик хотелот е идеално место кое ги користи сите погодности кои му ги нуди неговата живописна и интимна локација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП