28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на гасот го потопија Газпром

Цените на гасот го потопија Газпром

Нето профитот на руската гасна компанија Газпром е намален во првиот квартал поради ниските цени на гасот во Европа.

Во периодот јануари-март, нето добивката на државниот Газпром опадна за осум проценти на годишно ниво, на 333 милијарди рубљи (5,3 милијарди евра), пренесува агенцијата Франс прес.

Истовремено, вкупната продажба пораснала за четири проценти на 1,815 билиони рубљи (28,7 милијарди евра), главно благодарение на „растечката продажба на сирова нафта и преработени производи“, се наведува во соопштението на компанијата.

Вкупната вредност на испораката на гас, кој е продаден на клучните пазари во Европа и Турција, е намалена за десет проценти, бидејќи 20-процентниот пад од цените на гасот делумно е неутрализиран преку 13-процентното зголемување на обемот на испорака.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП