26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРолан Гарос: Можна пресметка Ѓоковиќ-Надал во полуфиналето

Ролан Гарос: Можна пресметка Ѓоковиќ-Надал во полуфиналето

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одбраната на титулата на вториот гренд слем во сезоната, Ролан Гарос, ќе ја започне против Марсел Гранољес од Шпанија, додека најголемиот фаворит Рафаел Надал за противник го доби Французинот Беноа Пер.

Ѓоковиќ и Надал котираат високо на листата на фаворити, заедно со Стан Вавринка и Енди Мари, односно младите Александар Зверев и Доминик Тим.

Според костурот на натпреварите можен е дуел на Србинот и Шпанецот во полуфиналето на турнирот.

Првиот носител, минатогодишниот фаворит, Енди Мари за противник го доби Андреј Кузњецов, додека Стан Вавринка во првото коло ќе игра против квалификант. Освојувачот на Мастерс турнирот во Рим, Александар Зверев на стартот од турнирот ќе игра против искусниот Шпанец Фернандо Вердаско.

Роланд Гарос започнува во недела, а титулите ги бранат Ѓоковиќ во машка и Гарбиње Мугуруса во женска конкуренција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП