10 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕСовршено место за секоја личност која сака вистинско уживање и луксуз (фото)

Совршено место за секоја личност која сака вистинско уживање и луксуз (фото)

Поранешната лаошка палата „ Maison Souvannaphoum Hotel“ денес е совршено место за секоја личност која сака вистинско уживање…

Ако во текот на својот одмор сакате да се размазите, да се почувствувате благородно и да посетите уникатна дестинација, овој хотел е вистинското место за вас. Сместен во затскриената област Лунаг Прабанг во централен Лаос, овој хотел прекрасно ги комбинира модерните погодности и луксузното сместување, со старата историја на ова место, во форма на уникатно одморалиште на брегот на реката.

Оваа палата порано била дом на лаошкиот принц а сега е претворена во хотел, дел од светското наследство кое е под заштита на УНЕСКО. Хотелот Maison Souvannaphoum ќе го импресионира секој гостин со елегантното сместување, од соба во крилото Garden, па се до оригиналните апартмани во Royal и La Residence делот.

Неверојатниот базен и спа центарот на овој хотел се со мала одалеченост, и целосно вредат за да прошетате. Ако сте повеќе истражувачки тип, ве советуваме да го искусите културното наследство на оваа поранешна француска колонија, започнувајќи од Elephant Blanc ресторанот, каде се служи комбинација од француската и лаошката кујна.

Нормално, будистичките храмови и монасите ќе ве импресионираат и ќе ви го разубават денот, а истото тоа ќе го направат и прошетките, особено онаа покрај реката Меконг. Патувањето до планината Пхоуси е поинтересно отколку што можете да замислите. Кога еднаш ќе дојдете тука, ќе видите дека е тешко да изберете што попрво да правите, но ќе бидете задоволни без оглед за која активност ќе се одлучите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП