8 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАYahoo сo подобар пребарувач ќе му конкурира на Google

Yahoo сo подобар пребарувач ќе му конкурира на Google

yahodo

„Yahoo“ е во процес на развој на подобар пребарувач и функции за него, се со цел да ја зајакне конкуренцијата со „Google“. Иако дел од новините ќе се развиваат заедно со „Microsoft“, компанијата сака да ја намали поврзаноста на пребарувачот со софтверскиот гигант.

Потпретседателот на одделот за онлајн пребарување на „Yahoo“, Лаура Ман потврди само дел од оваа информација.

“Ние подготвуваме некои навистина интересни работи, кои ќе се воведат официјално во следните месеци”, коментира Ман.

Главен двигател на новата насока на „Yahoo“ е извршниот директор на компанијата Мариса Мејер. Таа сака да го обнови растот на „Yahoo“, а најдобар начин да го сторат тоа е да се натпреваруваат со најдобрите во тој сегмент.

Самата Мејер има искуство во развој на интернет-пребарувачите, бидејќи долго време беше дел од тимот на „Google“. Таа се надева дека ќе ја намали и поврзаноста со „Microsoft“ со пребарувачот, а во исто време сака да ја продолжи соработката со компанијата за барем дел од производите.

Овој гигант големо внимание посветува на пребарувањето преку мобилни уреди. „Yahoo“ сака да го намали водството на „Google“ и во скоро време да ја превземат лидерската позиција во мобилниот сегмент.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП