2 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛускузниот спа резорт Absolute Sanctuary на Тајланд (фото)

Лускузниот спа резорт Absolute Sanctuary на Тајланд (фото)

Инспириран од светлите и смирувачки бои на Мароко, „Absolute Sanctuary“ е популарен „Detox&Yoga“ ресорт на тропскиот остров Кох Самуи на Тајланд.

Овој признат спа резорт, кој неодамна е реновиран, ни се претставува во сосема нов изглед. Од лобито па до спа-центарот, овој луксузен ресорт е декориран со марокански плочки и мотиви, и така останува верен на својата тема. Собите се инспирирани од мароканската архитектура и имаат завршни детали со живи бои. Сите соби имаат поглед или на морето или на базенот, а тука се и прекрасно уредените тераси. Бидејќи се наоѓа на брдото Чеонг Мун, овој луксузен ресорт има фантастичен поглед на тајландскиот залив.

Се состои од 38 соби, а специјализиран е за велнес, посебно за детоксикација и јога. Дел е од „Absolute Group“ кој е сопственик на „Absolute Yoga“, еден од најголемите студија за јога на Тајланд, со осум центри во земјата.

Луксузниот велнес ресорт има и „Love Kitchen“ во својот склоп, а тоа ви дава можност за уживање во многу здрава и вкусна кујна, која содржи и вегетаријански оброци. Храната која се послужува е органска, сезонска и локално се одгледува. Тука е и барот со природни и здрави сокови, фантастичниот базен, големиот простор за одмор и сончање и секако спа центарот и центарот за детоксикација. Тропската околина е совршено опкружување за уживање и масажи, посебно во јануари и февруари, кога остатокот од светот е во „сива боја“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП