28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТажна вест за Мото ГП спортот, Ники Хејден им подлегна на повредите

Тажна вест за Мото ГП спортот, Ники Хејден им подлегна на повредите

Ники Хејден (35) , поранешниот шампион во Мото ГП им подлегнал на повредите. Американецот од минатата среда беше хоспитализран со тешки повреди на мозокот, во болницата во Чезена, откако додека возел велосипед во него удри автомобил.

„Детето од Кентаки“ е последниот Американец кој станал светски првак во „кралската класа“, во Мото ГП. Хејден во 2006 година ја освои титулата и ја прекина низата од пет титули на Валентино Роси.

Хејден беше дел од Мото ГП семејството од 2003 до 2016 година, за Хонда и Дукати стартуваше на 218 трки, забележал три победи, а 28 пати изборил место на подиумот.

Минатата сезона започна да вози во Супербајк серијата, а сезоната 2016 ја заврши на петтото место. Сезонава се наоѓаше на 13 место во вкупниот пласман, а возеше за Ред Бул Хонда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП