Најверојатно до крајот на годината повторно ќе имаме можност да запливаме во мрачниот свет на „Wolfenstein“. „Bethesda“ официјално ја најави играта „Wolfenstein: The New Order” за конзолите од следните генерации, како и за PC компјутерите.
Дејствието на оваа игра се одвива во паралелниот свет во шеесетите години, откако Германија ја добила Втората Светска војна и станала доминантна глобална сила.
Играчите ја превземаат познатата улога на „B.J. Blazkowicz“ кој мора да се инфилтрира во непријателските упоришта во Европа, да се бори со ордата на непријателите и да ги превземе „супер оружјата“ кои ги развиле неговите противници.
„Wolfenstein: The New Order“ е прв наслов на шведското студио „MachineGames“. Компанијата ја основаше поранешниот програмер на „Starbrеeze Studios“, кој е познат по играта „Chronicles of Riddick“.
Компанијата „Zenimax“ која е мајка-фирма на „Bethesdа“ ја купи „MachineGames“ во 2010-та година, а со тоа и лиценцата за сите изданија на „Wolfenstein“.
„Навистина сме возбудени поради тоа што на луѓето ќе им го претставиме новото продолжение на „Wolfenstein“. Како голем фан на серијалот ми беше чест да работам на оваа игра“, изјави Јенс Матијас кретивниот директор на „MachineGames“.