3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Божиновски часовници и накит“ со нов продажен салон во Skopje City Mall

„Божиновски часовници и накит“ со нов продажен салон во Skopje City Mall

Најдобрите брендови на швајцарски часовници и накит отсега се достапни и во трговскиот центар Skopje City Mall. 

Светот на престижните брендови на швајцарски часовници и накит стана достапен за посетителите на најголемиот трговски центар во Македонија – Skopje City Mall. Со отворањето на новиот продажен салон на „Божиновски часовници и накит“ понудата на Skopje City Mall се збогатува со голем број нови престижни брендови како Omega, Breitling, Montblanc, Longines, Hamilton, Tissot , Ititoli, Calvin Klein, Swatch, FlikFlak и Troika. Секој од нив со уникатна и незаменлива приказна, но сите заедно идеално и хармонично вклопени во приказната на „Божиновски часовници и накит“.

„Во последно време кога и да погледнев во мојот часовник стрелките ми покажуваа во правец на Skopje City Mall, зборувајќи ми дека е време приказната за „Божиновски часовници и накит“ да ја претставиме пред посетителите на овој трговски центар, како добар почеток на бројните предизвици пред кој е исправена нашата компанија во периодот кој следи. Не се ни посомневав дека веднаш треба да ги послушам, затоа што кога пак ќе ги вратам стрелките назад во изминатите 20 години од појавувањето на уникатниот Swatch во Македонија во 1997 година, па се до неодамнешниот успех кога како компанија станавме овластен застапник и дистрибутер на престижните часовници Omega, тие секогаш ми ја покажувале вистинската насока кон која нашата компанија треба да се движи“, изјави Игор Божиновски сопственик и генерален менаџер на „Божиновски часовници и накит“.

Како што истакна Божиновски отворањето на новиот продажен салон е дел од еден поголем инвестициски циклус кој компанијата ќе го реализира во наредниот период и во тој процес како што вели најважно е да ја задржат и надоградат врвната услуга по која брeндот е препознатлив изминатите 20 години.

„За реализирање на секој нов предизвик секогаш е потребно време, а ние како компанија која е во бизнисот со часовници најдобро го знаеме тоа. Не може истовремено да бидеш и перфекционист и брзоплет. Токму поради тоа никогаш не правиме ниту еден нов чекор доколку не сме сигурни дека истиот ќе биде на едно скалило повисоко од нивото кое сме го постигнале изминатите 20 години, на тој начин успешно заобиколувајќи ја замката на просечноста во која брзоплетоста може да ве вовлече“, вели Игор Божиновски.

Божиновски е македонски бренд и компанија која повеќе од 20 години е позната по вредноста, квалитетот и довербата која ја нуди на своите клиенти и е вистински амбасадор на урбаниот луксуз и убавото живеење. Како пионер во својата индустрија, Божиновски ексклузивно соработува со ненадминливи брендови кои ги поставуваат врвните стандарди во часовничарството, а секој бренд претставува олциветворение на духот и карактерот на Божиновски, со уникатна приказна и долгогодишна традиција.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП