5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМеѓународниот ден на телекомуникациите ВИП го одбележа со финалистите на светскиот натпревар...

Меѓународниот ден на телекомуникациите ВИП го одбележа со финалистите на светскиот натпревар NASA SPACE APPS CHALLENGE

Телекомуникациската компанија Вип како официјален партнер на светскиот натпревар NASA SPACE APPS CHALLENGE беше домаќин на финалето што се одржа денеска и заедно со финалистите и со членовите на наградениот проект на младиот тим SWIFT, составен од средношколците од државното средно училиште “Раде Јовчевски Корчагин” го одбележа меѓународниот ден на телекомуникациите.

“Особена чест ни е што меѓународниот ден на телекомуникациите го одбележуваме заедно со младите и талентирани луѓе, учесници на NASA SPACE APPS CHALLENGE бидејќи убедени сме дека токму тие се иднината на телекомуникациите, на ИТ индустријата и на поврзаните индустрии воопшто. Минативе две седмици бевме сведоци на позитивна енергија, многу ентузијазам и идеи, среќни сме што и преку нашите интерни ресурси дадовме придонес во реализацијата на овој настан кој ја става Македонија на мапата на светските настани, изјави Димитар Ковачевски Извршен директор на Вип.

NASA SPACE APPS CHALLENGE се одржуваше од 28ми до 30 април во Скопје. За наградата од Македонија се натпреваруваа 170 млади програмери, инженери, дизајнери, истражувачи, иноватори и претприемачи, а во финалето влегоа 3 тима кои пред жири комисија ги презентираа своите идеи.

Победничкиот тим ќе патува во Kennedy Space Центарот на NASA и ќе има можност во живо да го следи лансирањето на вселенско летало како и да го презентира своето решение пред претставници на NASA.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП