18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА16-ти јуни почеток на Меѓународниот уличен фестивал „Баскерфест“

16-ти јуни почеток на Меѓународниот уличен фестивал „Баскерфест“

 Меѓународниот уличен фестивал „Баскерфест“ годинава ќе почне на 16 јуни. Локацијата е плоштад „Македонија“, а свои точки секојдневно ќе имаат атрактивни баскер изведувачи од целиот свет.

„Баскерфест“ е фестивал кој нуди бесплатна забава под отворено за сите возрасти. Освен во Скопје, фестивалот ќе се одржи и во другите градови низ Македонија.

Фестивалот ќе трае 10 дена, а потоа ќе продолжи и во другите градови ширум Македонија. Со овој настан секоја година се отвораат портите на Скопје како за домашната така и за меѓународната публика, која ја има во сè поголем број.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП