26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксуз на Јонското море - Marbella Beach Hotel (фото)

Луксуз на Јонското море – Marbella Beach Hotel (фото)

„Marbella Beach Hotel“ на Крф е една од најдобрите локации на овој остров…

Со идилична и мирна локација, овој хотел се наоѓа во бујни градини, на пошумено брдо и има фантастичен поглед на кристално чистото Јонско море.

Хотелот повторно е отворен минатата година, како редизајнирано ремек дело со унапредени соби, во кои фокусот е насочен кон фантастичното сместување наменето за семејства и парови. Новите луксузни апартмани за семејства, собите за забава и уживањето добија потполно нов изглед. Тука сега е и новиот простор за сончање на плажа, со обезбеден пристап до вода, како и новиот гурмански ресторан за морска храна.

Овој луксузен хотел на Крф има седум ресторани и барови. Сигурно секој ќе си пронајде место кое ќе му одговара. Плажата е неверојатно убаво уредена и чиста.

Доколку сакате романтична атмосфера, може да ви организираат вечера со свеќи пред морето. Тимот кој работи во овој хотел ќе се погрижи за секоја ваша потреба, па така, можете да се опуштите и да уживате во прекрасните погледи на морето и околината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП