26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНачевски и Николов ќе судат полуфинале на Ф4 во Келн

Начевски и Николов ќе судат полуфинале на Ф4 во Келн

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше судиските двојки кои ќе судат на завршниот турнир во Лигата на шампионите. На завршниот турнир ќе учествува македонскиот шампион Вардар, а дел од четирите судиски двојки се Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Една од најдобрите судиски двојки во ракометот, Николов и Начевски, на завршниот турнир во Лигата на шампионите ќе го судат првото полуфинале во кое ќе играат ПСЖ и Веспрем.

Овој натпревар се игра на 3 јуни од 15:15 часот.

Актери во второто полуфинале (3 јуни, 18 часот) ќе бидат ракометарите на Вардар. Нивниот дуел со Барселона ќе го судат Чесите Вацлав Хорачек и Јири Новотни.

Хрватската двојка Матија Губица и Борис Матошевиќ на 4 јуни ќе го судат натпреварот за третото место, додека правдата во финалето, кое се игра истиот ден од 18 часот, ќе ја делат Германците Ларс Гејпел и Маркус Хелбиг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП