7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПовторно казна за Johnson & Johnson

Повторно казна за Johnson & Johnson

Судот во Сент Луис и наложи на фармацевтската компанија „Johnson & Johnson“ да и плати повеќе од 110 милиони долари отштета на жена од Вирџинија.

Како што се наведува во тужбата, беби пудрата предизвикала рак на јајниците откако жената, како што наведува, ја користела таа пудра десетина години.

Во пресудата се наведува дека „Johnson & Johnson“ не ги предупредила потрошувачите за можните ризици кои се поврзани со ракот и производите на компанијата кои содржат талк.

Ова е четврто судење по ред против „Johnson & Johnson“ и нејзиниот добавувач на споменатата пудра.

„Уште еднаш покажавме дека оваа компанија ги игнорира научните докази и продолжува да ја негира својата одговорност“, изјавил адвокатот на клиентката.

„Johnson & Johnson“ сочувствува со жените кои боледуваат, но планира да се жали за оваа одлука, се наведува во соопштението на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП