26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузната вила „Moerkensheide“ (фото)

Луксузната вила „Moerkensheide“ (фото)

Позиционирана на работ од стамбената област во Белгија, оваа интригантна куќа ги остава сите соседи без здив…

Вилата „Moerkensheide“ прикажува просторна конфигурација на три симетрични коцки околу рамностран тријаголник. Со паркингот кој е повран со улицата се разбива монотонијата.

Архитектите од компанијата „Dieter De Vos Architecten“ ги позиционирале 306-те квадратни местри од куќата во центарот на парцелата, поврзувајќи се со соседите преку три градини. Трите градини формално го дополнуваат составот, а секоја градина е наменета за одредено време од денот – утро, пладне, навечер.

Покриена со тули – смелата и убава геометриска вила е модерна бајковита куќа. На погледот особено му се погодни заоблените прозорци во приземјето, прекрасната дрвена столарија и правоаголните прозори на катот. Интригантната куќа е светла, елегантна и софистицирана.

Во ентериерот просторот е функционален, светол и удобен. Оваа вила оживува со своите природни материјали и бои.

Во оваа вила се сместени трпезарија, кујна, дневна и работна соба, фоајето, како и приватниот апартман, три спални соби и четири бањи кои се уредени со најмодерните и најквалитетни парчиња мебел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП