5 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајскапата перница во светот чини 57.500 долари (фото)

Најскапата перница во светот чини 57.500 долари (фото)

Во светот постојат многу скапоцени работи на кои вреди да се потрошат доста пари, но, тука се и оние работи кои никако не може да ја оправдаат цената…

Една од нив е и перницата на која наидовме. Нејзината цена е неверојатни 57,535 долари! Дали би потрошиле цело богатство и би си ја дозволиле најскапата перница во светот, која ви ветува совршен сон? Нормално оваа перница е скапа со причина.

Специјалистот за врат, Тијс ван дер Хилст ја креираше оваа перница со употреба на 3D технологија за скенирање, со цел да го пронајде совршено прецизниот облик, и притоа ја создаде од не-токсичната холандска мемори пена. Секоја перница е прекриена со рачно шиена Mulberry свила, египетски памук и 24-каратно злато. Патентот е украсен со четири дијаманти и огромен сафир кој тежи 22,5 карати.

Ако сакате да ја понесете оваа перница со себе додека патувате, можете да набавите и персонализирана Louis Vuitton торба за неа. Оваа перница официјално ќе дебитира во Дубаи на светскиот трговски саем меѓу 22 и 25 мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП