8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИExxon го удвои профитот благодарение на повисоката цена на нафтата

Exxon го удвои профитот благодарение на повисоката цена на нафтата

Американскиот нафтен концерн „Exxon Mobil“ успева да го удвои профитот во првото фискално тромесечје од годината благодарение на заздравувањето на цените на нафтата.

Чистата добивка на компанијата со седиште во Тексас изнесува 4 милијарди долари, додека пред една година таа беше „само“ 1,8 милијарди долари. Тоа го прави профит од 95 центи по акција. Со тоа „Exxon“ ги надмина и очекувањата на пазарните аналитичари, кои беа за профит од 85 центи за акција.

Приходите се зголемени за 30 отсто до 63,29 милијарди долари, што е малку под очекувањата на „Wall Street“.

Во претходниот квартал за прв пат по над две години „Exxon“ успеа да оствари повторно раст на приходите, потсетуваат агенциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП