19 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовата верзија на легендарниот телефон Nokia 3310 наскоро во Европа

Новата верзија на легендарниот телефон Nokia 3310 наскоро во Европа

Следната недела на европскиот пазар во продажба ќе се најде „Nokia 3310“ (2017).

Станува збор за нова верзија на славниот модел кој многу корисници го сметаат за најиздржливиот мобилен телефон во историјата. Уредот беше претставен на годинешниот конгрес во Барселона, каде беше кажано дека овој мобилен телефон ќе биде 10 пати побрз, ќе ја има популарната игра „Snake“ и препознатливите тонови.

Инаку ни во февруари оваа година не беше откриено колку ќе чини, а претходно беше објавено дека цената би можела да се движи околу 50 евра, но медиумите шпекулираат дека во Шведска во понуда ќе биде „3G“ верзија од 93 eвра.

„Nokia 3310“ (2017) ќе има долготрајна батерија и апликации кои ќе бидат во склад со модерното време, дисплеј во боја, а играта „Snake“ ќе биде достапна и преку „Facebook Messenger“ за сите корисници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП