29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШтербик во тимот на колото, Дибиров со најубав гол (видео)

Штербик во тимот на колото, Дибиров со најубав гол (видео)

Голманот на Вардар, Арпад Штербик, го предводи идеалниот тим на првите четвртфиналните натпревари во Лигата на шампионите. Штербик блескаше во победата на Вардар, во „Фленс арена“ и со своите одбрани го предводеше тимот до победата 26:24.

Арпад Штербик, против Фленсбург имаше 16 интервенции, односно одбрани 40 отсто од ударите кои одеа кон неговиот гол. ЕХФ голманот на Вардар го смести во идеалниот тим на првите четвртфинални натпревари.

Покрај Штербик во тимот се левото крило и левиот бек на ПСЖ, Уве Генсхајмер и Никола Карабатиќ, средниот бек на Веспрем Арон Палмарсон, десниот бек и десното крило на Кил Марко Вујин и Никлас Екберг, односно пивотот на Монпелје Лудовик Фабрегас.

Покрај Штербик, во изборот на ЕХФ, се најде и Тимур Диборов во категоријата „Најубави потези на колотo“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП