15 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНема повеќе „гага“ на YouTube

Нема повеќе „гага“ на YouTube

yout

Според информациите кои процурија во медимиуте „YouTube“ има во план да започне со наплата за гледање на специјалните канали, а тоа би можело да се случи дури и оваа недела.

Одлуката за која се размислува веќе неколку месеци ќе има за цел да им помогне на каналите да финансираат разновидни содржини како што се телевизиски серии и филмови.

Сервисот ќе вклучува до 50 „YouTube“ канали и претплатата на секој ќе започнува од 1.99 долари месечно.

Од друга страна портпаролот на компанијата потврдил дека компанијата размислува за правење на платформа која би вклучувала и претплата и која на корисниците би им обезбедила повеќе одлични содржини.

Гласините за желбата на „YouTube“ да профитира од ексклузивините содржини постојат веќе подолго време, а во јануари беше објавено дека компанијата побарала од мала група на канали да се пријават на листата на оние кои наскоро ќе се наплатуваат.

„Од секогаш сме се воделе од идеата одредени содржини да имаат одреден модел на наплата. Важно е дека без оглед на моделот нашите креатори да остваруваат успех. Постојат голем број од нив кои сметаат дека би имале корист од системот на наплата, па така моментално ја разгледуваме таа идеа“, велат од „YouTube“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП