5 јули, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle сака да инвестира 880 милиони долари во LG Display

Google сака да инвестира 880 милиони долари во LG Display

Американскиот интернет гигант „Google“ предложил да инвестира 1 илјади милијарди вона (880,29 милиони долари), за да и помогне на јужнокорејската компанија „LG Display“ да го зголеми производството на „OLED“ екрани за паметни телефони, пишува „Electronic Times“, повикувајќи се на анонимни извори.

Весникот посочува уште дека компанијата „Google“ ја предложила инвестицијата, за да си обезбеди стабилно снабдување на флексибилни „OLED“ екрани за следните смартфони со брендот „Pixel“, пренесува „Ројтерс“.

Предводник на „Samsung Electronics“ од серијата „Galaxy“ ги користи закривените екрани. Истовремено се очекува американскиот конкурент на „Samsung“ – „Apple“, да почне да користи такви екрани во некој од следните смартфони „iPhone“.

„LG Display“ одбила да коментира на оваа тема, додека „Google“ не е отворена веднаш за коментар по прашањето.

Ова не е единствената битка што „Google“ и „Apple“ ја водат во моментов. Потсетуваме дека во почетокот на март оваа година „Google“ откри дека нејзината апликација за вештачката интелигенција „Google Assistant“ ќе стане достапна за повеќе уреди кои го користат оперативниот систем „Android“. На овој начин Гласовниот асистент „Siri“, користен од уредите на „Apple“, се соочува со нов сериозен конкурент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП