26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар избори пласман во финалето на СЕХА лигата

Вардар избори пласман во финалето на СЕХА лигата

Ракометарите на Вардар со убедлив триумф над ППД Загреб, 36:28 (19:12), изборија пласман во финалето на СЕХА лигата. Завршниот турнир во регионалната лига се игра во Брест, Белорусија.

Вардар, речиси рутински, го мина полуфиналето против ППД Загреб, на завршниот турнир во СЕХА лигата. „Црвено-црните“ натпреварот го добија благодарение на одличната игра во одбраната во првото полувреме.

Првата посеризна разлика Вардар ја направи во десеттата минута (6:2). Предноста од четири гола вардарци ја одржуваа до 24.минута (15:10), а потоа во финишот на првиот дел со серија 4:1, ја достигнаа највисоката разлика (19:12).

Централна фигура во вардаровиот тим, во првото полувреме, беше Црногорецот Борозан кој постигна шест гола, со 100 отсто реализација.

Надежите на Загреб дека може да се доближи и да внесе некаква незивесност во натпреварот, Вардар ги загасна на самиот почеток од второто полувреме, кога македонскиот шампион стекна предност од осум голови (21:13).

До крајот Вардар рутински го одработи натпреварот и избори ново, петто, финале во СЕХА лигата. Финалниот меч е в недела, а Вардар ќе се обиде да ја освои третата титула во ова натпреварување против победникот од полуфиналето помеѓу Веспрем и Мешков Брест.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП