8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes ќе понуди уште еден компактен модел

Mercedes ќе понуди уште еден компактен модел

Компанијата „Mercedes-Benz“ на саемот во Шангај кој ќе започне на 18-ти април ќе претстави целосно нов компактен модел. Ова го соопшти продукт менаџер на производителот од Штутгарт – Марко Еблер, цитиран од „Motor1“. Тој прецизира дека во многу скоро време семејството компактни модели на марката ќе се зголеми од 5 на 8 возила.

Според информациите, во Кина компанијата ќе претстави концепт седан, кој ќе стане дел од новата генерација на „A-Class“. Сериската верзија на автомобилот ќе се појави на пазарот во 2018-та година, а нејзин главен конкурент ќе биде седанот „BMW Series 1“.

Тест прототипот на моделот на „Mercedes-Benz“ беше снимен за време на тестирањата, а од сликите станува јасно дека тој ќе добие зголемено растојание помеѓу двете оски, како и поагресивен дизајн. Според податоци на друго издание – „Autocar“, возилото ќе биде опремено со нов имиџ систем и со дигитален Инструмент панел.

Во палетата мотори ќе бидат вклучени 4-цилиндричен бензински и дизел турбомотор. Клиентите ќе добијат и хибридна модификација, а последна на пазарот ќе се појави верзијата развиена од „AMG“.

Овој автомобил треба да се појави во 2019-та година, како конкурент на „Audi RS3“ и „BMW M2“. Тој ќе го добие моторот од следната верзија на хечбекот „Mercedes-AMG A45“ кој претстои да биде претставена. Машината ќе се движи од 2,0-литарски турбомотор со 400 КС и 9-брзински автоматски менувач. Ова ќе овозможи забрзување од 0 до 100 км/ч за помалку од 4 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП