13 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАHotmail и официјално замина во историјата

Hotmail и официјално замина во историјата

hotmail_to_outlook

„Microsoft“ објави дека го звршил префрлувањето на постоечките „Hotmail“ адреси на „Outlook.com“ со што популарниот „Hotmail“ во целост е изгасен.

Корисниците немораат да ги менуваа своите „@hotmail.com“ адреси, но „Microsoft“ сите нив ги пренасочил на „Outlook.com“ кој бележи пораст кај корисниците и моментално на овој сервис има активно околу 400 милиони корисници. Според тврдењата од „Microsoft“, ова не било лесен чекор да се направи затоа што било потребно да се префрлат стотина милиони активни адреси, со околу 150 милиони GB податоци, вклучувајќи „e-mail“, календари, контакти и личните податоци на корисничките сметки. Целиот овој процес траеше скоро шест недели.

„Ние веруваме дека луѓето ќе го засакаат „Outlook“ повеќе отколку што го сакаа „Hotmail“. Внимателно ги слушавме нашите клиенти и ќе направиме се да ги прилагодиме на промените за да бидат уште позадоволни“, изјавил програмерскиот менаџер на „Microsoft“, Дик Кардок.

„Outlook.com“ има потполно друг изглед и навигација од „Hotmail“, а повеќето нови функции се видени на новиот оперативен систем „Windowsu 8“. Новиот сервис исто така на корисниците ќе им овозможи полесна интеграција со сервисите како што се „Facebook“, „LinkedIn“ и „Twitter“.

„Hotmail“ е еден од најпопуларните сервиси за електронска пошта, а за првпат беше претставен во 1996-та година. Тогаш беше независна компанија, а „Microsoft“ го купи во 1998-та година за 400 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП