23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКарпош избегна пораз кај Кожув, сигурни победи на МЗТ и Работнички

Карпош избегна пораз кај Кожув, сигурни победи на МЗТ и Работнички

Бранителот на титулата во кошаркарското првенство на Македонија, МЗТ Скопје, го задржа максималниот ефект и по петтото коло, во кое на домашен терен победи и Работнички, додека Карпош Соколи во дрматичен финиш победи во Гевгелија.

МЗТ го победи Куманово 81:76, а клучната разликат домаќнот ја направи во првата четвртина кога создаде двоцифрена предност 24:13. Тејмс со 22 и Лалиќ со 20 поени го предводеа МЗТ до петтата победа во Суперлигата.

Работнички немаше проблеми со Фени индустри и забележа рутинска победа 84:69. Ветараните го предводеа тимот од Градски парк до победата, Тасоски постигна 22, Илиевски 20, а Мираковски 16 поени.

Најдраматичниот натпревар го одиграа Кожув и Карпош Соколи, а победија гостите 77:79. Натпреварот во Гевгелија во финишот гостите го решија со поени од линијата за слободни фрлања.

Лабовиќ и Пери постигнаа по 17, а Мавра поен помалку за Карпош Соколи, додека Кожув го предводеше Мијовиќ со 23 коша.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП