Како и што е очекувано, кога нешто ќе ја понесе титулата најскапо во светот, секој сака барем да фрли поглед на тој феноменален предмет.
Овој пат се работи за најскапите очила на светот на швајцарската компанија „Chopard“, дизајнирани од страна на „De Rigo Vision“ светски лидер во дизајн и изработка на луксузни очила од висока класа.
Тие за прв пат беа изложени во „One and Only Royal Mirage“, а сега се достапни за разгледување во Париската галерија во Дубаи.
Уникатните очила, украсени со вкупно 51 „River“ дијамант и 60 грама 24-каратно злато, чинат 410.000 долари, а при поставувањето на дијамантите на нивната рамка користена е нова техника за тие да бидат поблиску еден до друг.
Вака поставените скапоцени камења создаваат подлога која креира посебна светлост, а на овие очила им дава додатен сјај.