3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАLifeBeam најавува паметна кацига

LifeBeam најавува паметна кацига

lifebeam-1362599605

Израелската компанија „LifeBEAM“ ги собра потребните средства за својот нов проект – првата паметна кацига за велосипедисти. На компанијата и беа потребни 50.000 долари, но тие успеаа да соберат нешто повеќе од 60.000 долари и со тоа ќе можат да зпочнат со производство.

Кацигата е опремена со интелигентен сензор кој може да следи срцевиот ритам во реално време, без користење на дополнителни аксесоари. „SMART“ кацигата собира информации и може да ги проследи до мобилен телефон, спортски часовник или компјутер.

Во неа е поставен акцелерометар и батерија која обезбедува минимум 15 часа постојана употреба. Тежината на целата кацига е само 330 грама, а инспирацијата за истата е добиена од тие што ги користат пилотите на борбените авиони.

Првите примероци од кацигата се очекуваат во септември годинава, а нејзината цена ќе биде околу 190 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП