24 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајлуксузното дијамантско велигденско јајце (фото)

Најлуксузното дијамантско велигденско јајце (фото)

Велигден е многу блиску, а богатите луѓе не мораат да губат многу време во потрагата по уникатно и ретко велигденско јајце…

Се што треба да направат е да земат пари од своето скривалиште на пари и да и се обратат на јувелирската куќа Jefferies од Лондон и да го купат луксузното јајце Diamond Memories по цена од 250.000 евра. Јувелирот Мартин Џерфриз го дизајнираше ова велигденско јајце од 18-каратно злато кое е декорирано со 910 беспрекорни дијаманти, кои вкупно тежат 60 карати.

Покрај тоа, ова не е само скапоцен орнамент, туку исто така игра улога и на медаљон. Кога ќе се отвори, во внатрешноста на јајцето се наоѓаат две рамки за слики направени од 18-каратно жолто злато, како и соодветно златно ланче со помош на кое ќе можете да го носите како огрлица.

Мартин го објаснува своето мислење за својот интересен дизајн: „Дојдов до идеја за велигденско јајце претставено на сјаен начин биејќи тоа е многу драгоцен ентитет. Извор на животот. Овој дизајн е универзален симбол кој го претставува животот, заедништвото, мирот, љубовта и уште многу нешта“.

Инаку Џефриз е трета генерација на јувелири кои некогаш работеле за Feberge и Asprey. Тој често добива награди и пофалби за своите изработки, а некои од неговите дизајни се подарени и на крлаицата Елизабета II.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП