1 јули, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНајзастапен оперативен систем и натаму е Windows 7

Најзастапен оперативен систем и натаму е Windows 7

Windows 7 и натаму е најзастапен оперативен систем, додека прифаќањето на Windows 10 слабее, покажаа податоците на компанијата StatCounter.

Windows 7 во март имал удел од 47,03 отсто, додека Windows 10 беше на второ место со удел од 34,28 отсто.

На трето место се наоѓа Windows 8.1 со удел од 9,63 отсто, а на четврто е Windows XP со удел од 5,46 отсто.

Службената поддршка за Windows 7 би требало да трае до јануари 2020 година, а овој оперативен систем од месец во месец губи на уделот.

Во февруари уделот на Windowsa 7 изнесувал 47,17 отсто, додека уделот на Windowsa 10 во март растел со оглед дека во февруари изнесувал 33,8 отсто.

Во следните месеци и години се очекува Windows 7 да тргне во иста насока како и Windows XP, со постепено намалување на уделот во полза на оперативниот систем Windows 10.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП