27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФормирана e една од најголемите банки на Блискиот Исток

Формирана e една од најголемите банки на Блискиот Исток

Двете водечки банки од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) – „First Gulf Bank“ (FGB) и Народната банка на Абу Даби („National Bank of Abu Dhabi – NBAD“) – го доведоа до крај спојувањето, создавајќи ја најголемата банка во земјата под името „First Abu Dhabi Bank“, пренесува „Асошиејтед прес“, цитирана од светските агенции.

Новата банка има средства за вкупно 180 милијарди долари и капитал од близу 3 милијарди долари, што ја прави и една од најголемите во Блискиот Исток.

„First Abu Dhabi Bank“ започна од денес да тргува свои акции на берзата во Абу Даби под симболот „NBAD“.

Планот беше објавен во јули минатата година. Спојувањето се врши во позадина на напорите на Абу Даби, каде што се наоѓаат федералната влада на ОАЕ и над 90 проценти од нафтените резерви на земјата, да се справи со пониските цени на црното злато, забележува „АП“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП