27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШвајцарскиот гигант под лупа, помогнал во измама

Швајцарскиот гигант под лупа, помогнал во измама

Француските истражители отворија истрага против швајцарската банка „Credit Suisse“, бидејќи, како што е соопштено, им помогнала на клиентите да направат даночни измами.

„Банката се сомничи дека на илјадници француски клиенти им помогнала да отворат банкарски сметки во Швајцарија кои не се пријавени кај француските даночни власти“, соопштија истражувачите, а пренесува агенцијата Франс прес.

Истрагата следеше откако властите ширум Европа и Австралија најавија сеопфатна даночна истрага против клиентите на „Credit Suisse“ и раководството на банката поради апсење на одредени лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП