6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИH&M лансира нов бренд за „подлабоките џебови“

H&M лансира нов бренд за „подлабоките џебови“

Шведскиот конфекциски гигант „H&M“ го најави лансирањето на својот осми моден бренд, откако жестоката конкуренција на пазарите во САД и централна Европа ја „нагризаа“ добивката на оваа компанија.

Профитот на H&M пред оданочувањето опадна на 3,2 милијарди круни (335 милиони евра) од декември до февруари, што е прв квартал од финансиската година на таа групација, во однос на 3,3 милијарди круни од истиот период претходната година, соопштија од таа компанија, а пренесува агенцијата АФП.

„За модната малопродажба генерално, пазарните услови беа многу тешки на многу наши големи пазари во централна и јужна Европа и САД, што се одрази на нашето подрачје“ наведе главниот извршен директор Карл Јохан Персон во соопштението.

Новиот бренд „Arket“, ќе биде лансиран по летото, а првата продавница ќе биде отворена во Лондон, по што следи Брисел, Копенхаген и Минхен со покренување на онлајн продажба на 18 европски пазари на почетокот на есента, прецизираа од компанијата.

„Arket“ ќе има во понудата облека за мажи, жени и деца и производи за домаќинство кои ќе бидат поскапи од актуелната понуда во продавниците на H&M.

Секоја продавница ќе има кафуле инспирирано од нордиската кујна.

„Општата насока и фокус се на квалитетот и едноставноста, безвременоста и функционалниот дизајн“, порача Персон, додавајќи дека производите ќе имаат широк спектар на распон на цените, но повисоки од ценовниот сегмент на H&M досега.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП