26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФедерер и Кирјос ја формираа втората полуфинална двојка на Мастерс турнирот во...

Федерер и Кирјос ја формираа втората полуфинална двојка на Мастерс турнирот во Мајами

Швајцарецот Роџер Федерер и Австралиецот Ник Кирјос ја формираа втората полуфинална двојка на Мастерс турнирот во Мајами.

Роџер Федерер, во меч кој траеше два часа, по голема борба успеа да избори полуфинале на Мастерсот во Мајами, откако најпрвин, во деветтиот гем сервираше за меч но го загуби гемот, потоа пропушти сет топка во десеттиот гем и на крајот спаси две меч топки во тај брејкот.

Швајцарецот го победи Томаш Бердих со 2:1 (6:2, 3:6, 7:6).

Во дуелот на младите ѕвезди на светскиот тенис Ник Кирјос во последното четвртфинале го совлада Александар Зверев. Австралиецот по два часа и 36 минути голема борба победи со 6:4, 6:7, 6:3.

Федерер и Кирјос беа четвртфиналисти и на претходниот Мастерс во Индијан Велс, но тогаш Швајцарецот без борба мина во наредната фаза бидејќи поради труење со храна Кирјос му го предаде мечот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП