
Претставувајќи ја новата визија за совршенство на „Silversea Cruises“, прекрасната „Silver Muse“ јахта ќе го има своето прво патување на почетокот на идниот месец…


Претставувајќи ја новата визија за совршенство на „Silversea Cruises“, прекрасната „Silver Muse“ јахта ќе го има своето прво патување на почетокот на идниот месец…
Ова е семејна компанија, базирана во Монако, и само што го претстави својот новитет веќе доби многу внимание. Како најлуксузен крузер лансиран оваа година, овој брод има различни ексклузивни простори, вклучувајќи осум ресторани и прекрасен театар наречен „L’Opera“ со простор за седење во стил на кабаре.
Гостите секако ќе бидат импресионирани и со прекрасното сместување, кое има распон од еднособни апартмани до прекрасни раскошни апартмани со површина од над 100 квадратни метри и приватни веранди, Кога зборуваме за гостите, мораме да напоменеме дека тој собира 595 гости.
Првото патување на овој брод ќе отпочне во Монте Карло и ќе продолжи преку балеарската и тиренската област на Медитеранот. Сепак, ако го пропуштите ова прво патување, знајте дека интересните авантури допрва доаѓаат. Бисерите на Јадранот и крстарењето по Јонското море започнуваат во Истанбул и завршуваат во Венеција, а пауза прават во Котор и Дубровник.
„Silver Muse Cruise“ навистина за цел има поддигнување на летвичката на ексклузивост на овој лукузен пазар, нудејќи екстремен раскош и искуства направени по мерка, поради кои ваквото патување ќе го паметите цел живот.















