5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSpaceX ќе лансира „половна ракета“

SpaceX ќе лансира „половна ракета“

Компанијата SpaceX подоцна во четврток ќе направи историски чекор, лансирајќи „половна ракета“, пишува BBC.

Ракетите традиционално се користат само еднаш, бидејќи одделни делови се распаѓаат кога носат сателити во орбитата.

Но, SpaceX направи голем исчекор благодарение на ракетите Falcon, кои по мисијата се враќаат на Земјата.

Компанијата сега подготви една таква „половна ракета“, која ќе биде поставена на лансирната рампа.

Лансирањето од вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида е најавено половина час по полноќ.

Ракетата во орбитата ќе го однесе сателитот SES-10, тежок 5,3 тони, на операторот од Луксембург SES. Сателитот би требало да пружа телевизиски и телекомуникациски услуги на Карибите, латинска и Јужна Америка.

„Половен“ е само долниот, погонскиот дел на Falcon, додека горниот дел од конструкцијата што го штити сателитот при лансирањето е нов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП